| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се случува првата година од брак

nevesta i mladozenec

Од кога ќе ја соблечете венчаницата се нижат милион прашања од пријателите и познатите како е сега во брак. Не е сјајно? Не грижете се, првата година секогаш има свои маани за кои никој не збори

Документи

Сте го смениле презимето или сте додаделе ново на своето. Како и да е, мора да ги менувате докумените што повлекува многу администрација. Не е исклучено да го одложувате тоа но мора да се направи, што порано толку подобро.

Караници

Само што сте ги кажале заветите и во добор и во зло до крајот на животот не значи дека магијата ќе исчезне. Разликата е во тоа што додека сте во врска може да го напуштите бојното поле кога и да посакате и да затворите врата. Но, сега мора да барате компромис и други решенија.

Чувствувате вина дека сега го трошите и неговиот буџет

Можеби и досега сте ја имале на доверба неговата картичка, но тогаш не сте биле отпуштени или често сте купувале нешто и за двајцата. Меѓутоа во брак неговата картичка може да биде искористена и кај фризер и во салон за убавина. Но сега се делите и да успее бракот мора отворено да разговарате и да го решите тоа.

Приспособување

Не сакате веднаш да се навикнете на фактот дека имате маж. Секој пат кога кажете „мојот маж“ може ќе ви биде чудно како ви звучи. Но не грижете се, тоа е нормална појава и со време ќе се навикнете дека сте маж и жена.

Нема да ги користите сите работи што сте ги добиле на свадба

Тие предмети нема да ви користат или ќе бидат преголеми и непрактични, но тоа дека сте се омажиле и не значи автоматски дека ќе бидете генијална домаќинка.

Можно е да се здебелите

Со подготовките за свадбата сте загубиле килограми. Килограмите се намалиле поради стресот од организација и самодисциплина да изгледате совршено во фустанот од соништата. Кога тоа ќе го нема лесно ќе се отпуштите и ќе фрлите некој килограм плус. Би било добро кога може да внимавате првите месеци на исхраната.

Помалку секс

Стручнаците тврдат дека тоа не треба да ве загрижува. Вообичанео е новите споружници да го загубат либидото со оглед на тоа дека се под стрес од новонастаната состојба. Но полека стресот ќе поминува и работите ќе си дојдат на свое како што ќе се привикнувате на новонастаната состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top