| четврток, 6 декември 2018 |

Идентификувано телото на главниот организатор на нападите во Париз

Главниот организатор на терористичките напади во Париз, Абделхамид Абуд убиен е за време на вчерашната полициска рација во париското предградие Сен Дени, соопшти парискиот обвинител.

– Абделхамид Абуд официјално е идентификуван врз основа на отпечатоците на прстите и убиен е за време на полициската рација, наведе обвинителот.

Абуд, 28-годишниот белгиски државјанин, беше осомничен дека е главен организатор на крвавите терористички напади во Париз на 13. ноември, кога загинаа 129 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top