| четврток, 6 декември 2018 |

Аца Лукас: Најталентираниот народ на Балканот за пеење се Македонците

-Јас не морам да снимам нов албум или песна за да дојдат луѓето да ме гледаат, цел живот учев како да ги задоволам тие луѓе кои дошле мене да ме гледаат и слушаат. Е сега што значи да ги задоволиш ? Треба да бидеме реални тие не дошле само да ме видат мене или да уживаат кога ќе ме видат бидејќи не сум јас некој убавец, тие дошле за да убаво си поминат,а кај мене сите добро си поминуваат и одлично се забавуваат – вели Аца Лукас во интервју за „Република“. Пред претстојниот концерт во сабота тој беше расположен да зборува за неверојатниот музички талент на Македонците.

12278121_10208191091234626_456658511_n

Што е тоа што Аца Лукас и нуди на публиката за таа одново и одново доаѓа на неговите концерти?

Лукас: Прашањето е доста актуелно и  често ми го поставуваат  особено изминатиов период   повторно се прашуваа луѓето кај нас во Србија  пред последниот концерт кој го одржав пред дваесетина дена  во белградската Арена, како е можно толкава посетеност на моите концерти. Не сакам да се фалам  но можеби ова што ќе ви го кажам е нешто што  младите пејачи треба да го знаат. Јас не морам да снимам нов албум или песна за да дојдат луѓето да ме гледаат, цел живот учев како да ги задоволам тие луѓе кои дошле мене да ме гледаат и слушаат. Е сега што значи да ги задоволиш ? Треба да бидеме реални тие не дошле само да ме видат мене или да уживаат кога ќе ме видат бидејќи не сум јас некој убавец, тие дошле за да убаво си поминат,а кај мене сите добро си поминуваат и одлично се забавуваат. Токму затоа тие доаѓаат повторно затоа што знаат дека секогаш ќе има одлична забава. Доколку јас треба да чекам да снимам хит за да правам концерт тогаш нема ништо од таа кариера.

Токму поради тоа што велите дека вашите концерти и настапи се забави кои се паметат дали претходно договарате репертоар или пак  оставате публиката  да е таа која ќе го насочува репертоарот?

Лукас:На големите концерти воопшто не мора да имате репертоар и кај мене тоа се покажа како нешто што одлично функционира.  Јас со мојот бенд  сме пробале да направиме репертоар но буквално пракса е дека сме стигнале некаде до шеста или десетта песна и толку. Мене флуидот со публиката и диктира што ќе пеам , јас може да знам некаде до пета песна зошто имаме некој проверен редослед за почеток на концертите , имаме и песни кои можеби не сме ги планирале но се случува да ги изведеме. Сега веќе се покажа дека многу сме поуспешни ако се водиме по мотото ајде да направиме концерт кој и на нас ќе ни е интересен затоа што така ќе и биде интересен и на публиката.

Дали тоа значи дека со иста пракса ќе продолжите и на вашиот концерт закажан на 21 ноември во „Метрополис арена“ во Скопје?

Лукас:Можам да и најавам и на македонската публика дека ќе направиме една одлична забава, нема да бидеме клише , а да бидам сосема искрен  и порачувам на публиката во Македонија дека ниту ние не знаеме кои песни и по  кој ред ќе ги свириме и затоа ги поканувам сите да дојдат и заедно да создадеме една одлична енергија и одлична забава.

12283264_10208191091194625_834967451_n

Која македонска песна за вас е најтешка да ја отпеете?

Лукас:На настапи речиси никогаш не сум пеел македонски песни. Но има една песна која ја обожувам. Мислам на песната „Јовано Јованке“   која Влатко Стефановски со неговата енергија  така ја изведува што просто воодушевува. На концертите се случува за крај да ја изведеме инструменталната верзија на оваа песна.

Која е причината што ѕвездите од екс ју просторите редовно ги гледаме во Македонија, на настапи, концерти, разни гостувања, додека македонските пејачи речиси и да не ги знаат во Србија?

Лукас:Ние сите сакаме да дојдеме во Македонија , затоа што на македонската публика и нема конкуренција  и таа знае што е добра музика и затоа и сака да оди на концерти. Не само да имате со што да се пофалите туку  и повеќе од тоа. Јас во повеќе наврати сум зборувал и давал комплименти  дека во „Ѕвездите на Гранд“ токму македонските кандидати се едни од најдобрите. Кога во Македонија  ќе се роди дете тоа прво почнува да пее па дури потоа да зборува. На сите ни е јасно дека најталентираниот народ на Балканот за пеење е македонскиот народ. Чудно е дека нема повеќе Македонски пејачи на нашата сцена, но мислам дека тоа повеќе е работа  на пазарот и работа на публиката, но искрено немам одговор зошто е тоа така. Можеби недостига малку повеќе медиумска застапеност.

Мислите дека треба повеќе да ги има во жолтиот печат?

Лукас:Не,мислам дека е добро што македонските пејачи не се  толку застапени во таблоидите. Подобро да се занимаваат со музика од што да ги малтретираат новинарите од Србија со нивните глупости. Можеби имаат малку помала популарност но сигурно имаат повеќе нерви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top