Истата дрога што била најдена во организмот кај џихадистите што ги извршиле нападите во Тунис била најдена и кај тие во Париз, поради што постои сомнеж дека станува збор за дрога што е многу популарна кај борците на Исламска држава. Дрогата најдена во нивниот организам е каптагон, односно фенетилин што припаѓа на групата амфетамини.
Оваа дрога најмногу се користи во светот на велосипедизмот, а во 1960 година било докажано дека каптагонот во умерени дози ја подобрува концентрацијата и се препишува за лекување нарколепсија (нарушување на спиењето) и хиперактивноста. Инаку, оваа супстанција на листата на лекови се наоѓа уште од 1986 година.
Според биохемичарот Жан Пол Тасин, амфетаминот врз луѓето делува така што дава чувство на моќ, поради што кога се под дејство на оваа дрога тие се чувствуваат како да се „господари на светот“. Освен тоа, луѓето поради тоа многу често стануваат насилни, но чувствуваат тежок замор, психоза и склони се на брзо менување на однесувањето, односно во секунда од јака еуфорија во состојба на тешка депресија.
Каптагонот првобитно почнал да се произведува во Либан, но во 2011 година се преселил во Сирија, во најголем дел во редовите на џихадистите. Тој чини од пет до 20 долари по таблета, но во нивните редови најчесто се менува за оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Приведен дилер на дрога од Тетово
-
Приведени 70 лица во тетовско и гостиварско под сомнeвање за продажба или користење на марихуана, хероин и кокаин



