Вчера околу 17.00 часот на локалниот пат што го поврзува селото Градец со автопатот Гостивар-Тетово, со трактор бил прегазен Рефик А.(92) од гостиварското село Градец, кој починал на местото на настанот.
Во моментот кога Рефик А. ја поминувал улицата го удрил трактор „њу оланд“ без регистарски ознаки, управуван од В.Х.(76).
Смрт е констатирана во Медицинскиот центар – Гостивар.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од гостиварското обвинителство и увидна екипа од НККР-Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


