Пратеникот на СИРИЗА Гаврил Сакелардис поднесе оставка на функцијата во писмо испратено до претседателот на Парламентот Никос Вуцис, јави дописникот на МИА од Атина.
– Причината за мојата оставка е дека тоа што е невозможно за мене да придонесам во спроведувањето на владината политика. Изборот да поднесам оставка и да се повлечам од централната политичка сцена се еден начин за мене – вели Сакеларидис во писмото.
Кабинетот на Ципрас претходно соопшти дека премиерот му се јавил на телефон на Сакеларидис и побарал од него да поднесе оставка по извештаите во неколку медиуми дека Сакеларидис нема да присуствува на гласањето за нацрт-законот за претходни постапки кое се очекува да се одржи вечерва во грчкиот парламент.
Местото на поранешниот владин портпарол во парламентот ќе го земе министерот за внатрешни работи Христофорос Вернардакис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.