Државата го слушна гласот на луѓето кои боледуваат од рак на кожата, а кои до сега немаа право на бесплатно лекување.
Марјан Велјаноски кој боледува од рак на кожата во неделата ја примил терапијата за болеста и истата е обезбедена за подолг период. Инаку ова беше ветено од страна на премиерот Никола Груевски и директорот на ФЗОМ, Сашо Стафаноски по средбата со Марјан Велјаноски.
Според информации на Охрид1 денес Марјан Велјаноски бил посетен од страна на диркеторот на ФЗОМ Сашо Стефаноски кој лично му го доставил лекот.
Проблемот со лицата болни од оваа болест го актуелизираа меидумите, а Марјан Велјаноски пред целата јавност побара помош од Премиерот, кој пред медиумите вети ставање на позитивна листа на лековите за оваа болест и интервентна набавка на лекот. Ветувањето е исполнето, а диркеторот на ФЗОМ Сашо Стефаноски постапи по препораките на Премиерот во рокот кој јавно беше ветен и сега толку посакуваниот лек стигна до тој на кој најмногу му е потребен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски