| четврток, 6 декември 2018 |

Скопскиот дувачки квинтет одржа концерт во Израел

Скопскиот дувачки квинтет вчеравечер, 17-ти ноември, во Културниот центар „Енав“ во Тел Авив се претстави со целовечерен концерт по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Израел.

Концертот наиде на одличен прием од публиката, а покрај класични, беа изведени македонски и израелски дела. На настанот му претходеше и македонско-израелска изложба на фотографии од авторите Карие Харт и Љупчо Благоевски.

Настанот беше во организација на македонската Амбасада во Израел, а со поддршка од Министерството за култура на Македонија.

Скопскиот дувачки квинтет утре ќе настапи во Италијанско-еврејскиот музеј во Ерусалим, каде ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе бидат изведени дела од Хајдн, Фаркаш, Бизе, Гершвинкако и македонски и израелски автори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top