Во медиумите излегоа долго чуваните во тајност детали за свадбата на актерката Софија Вергара. Ѕвезда од серијата „Модерно семејство“, 43 годишната Софија Вергара и нејзиниот 38 годишен вереник Џо Манганиело, ќе се венчаат оваа недела, на 22 ноември, во луксузното одморалиште Вест Палм Бич на Флорида.
Двојката испратила покани на 400 гости, кои треба да пристигнат уште во сабота вечерта, кога младоженците организираат коктел во луксузен комплекс на плажа.
Софија и Џо ги замолиле блиските да не носат подароци, туку да донираат за неколку добротворни организации, вклучувајќи и за една детска болница.
Според последната информација, невестинскиот фустан ќе биде дело на еден од омилените дизајнери на актерката, Зухаир Мурад, ќе биде бела, но нема да биде традиционален.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата
-
На свадбата на принцот Хари ќе настапи оперската пејачка Елин Манахан Томас што пееше пред 15 години во дворот на „Свети Пантелејмон“
-
Расте бројот на склучени бракови: Лани имало повеќе венчавки од разводи!