Најдобриот пливач на модерната ера, Мајкл Фелпс, ќе стане таткот. Фелпс, 18 кратниот олимписки шампион и неговата девојка Никол Џонсон, со која се заедно од 2007 година, ја објавија веста во социјалните мрежи.
– Дознавме пред осум недели. Веќе поминаа 12 и можеме безбедно да споделиме со целиот свет. Судејќи според резултатите од прегледите, бебето се очекува да биде момче, напиша Фелпс на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.