| четврток, 6 декември 2018 |

Најдолговечниот селектор поднесе оставка

Morten Olsen

По неуспехот во баражот против Шведска за пласман на Европското првенство, Мортен Олсен, селекторот на данската фудбалска репрезентација, поднесе оставка

Данска синоќа во Копенхаген одигра нерешено 2-2 и не избори учество на ЕУРО 2016 година по поразот од 2-1 на првиот дуел.

– Ги информирав играчите и раководството на сојузот дека тука завршувам со селекторската функција. Беше привилегија да се биде дел од националниот тим на сите овие 35 години, прво како фудбалер, а потоа и како тренер, рече легендарниот 66-годишен  капитен и селектор на Данците.

Тој ги предводеше Данците на четири големи натпревари и беше селектор со најдолг стаж во Европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top