Иако уште пред почетокот на „Синедејс“ беше најавено дека во Скопје ќе гостуваат главните актери на филмот „Дипан“, во вторникот навечер, кога беше емитуван филмот кој е годинешниот победник во Кан на фестивалот, пред скопската публика се поклони само актерката, а нејзиниот партнер Жесутасан Антонитасан го немаше.
Пропустот, како што изјави директорот на МКЦ, Златко Стевковски, е во тоа што на Жесутасан му била потребна виза за во земјава.
– Во 23.30 часот во вторникот вечерта Антонитасан слета во Скопје, но остана во визното одделение. Ние како организатори веднаш отидовме и само успеавме преку стакло да се видиме со него. Ги замоливме од МВР да не го враќаат со првиот лет назад, да ни дадат простор да ги извадиме потребните документи, но не успеавме во нашата намера. Иако тој речиси 25 години живее во Париз, ние не знаевме дека тој не поседува француски документи и дека нема француски пасош. Првично кога разговаравме со неговата агентка, таа ни рече дека не му е потребна виза и остана на тоа – изјави Стевковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со долгоочекуваната премиера на филмот „Еј“ се затвора годинешното издание на „Синедејс“
-
На „Синедејс“ првпат ќе се одржи Форум на претставници од 12 филмски фестивали во Македонија
-
Вечерва на „Сиендејс“ последниот филм на Даниел Деј Луис
-
Женскиот младински хор при МКЦ одржа бесплатен џез концерт во рамки на „Синедејс“