| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје почнува економскиот самит на „Македонија 2025“

 самит

Во организација на Македонија 2025, од денеска до 20-ти ноември во Скопје ќе се одржи Македонскиот економски самит, при што фокусот ќе биде ставен на тоа како да се поврзе Македонија со поширокиот регион, имајќи ги предвид глобалните движења и нивните влијанија на економиите во развој.

Самитот претставува платформа за воспоставување комуникација помеѓу македонската деловна заедница и гостите од странство, со цел да се трасира патот на развојот на домашната економија.

Самитот е наменет за сите компании, организации и поединци кои се засегнати со темата одржлив развој на економијата на Македонија, но и воспоставување деловни односи со меѓународни партнери.

Дел од говорниците на Самитот се Мајк Зафировски-основач и претседател на Заф Груп, Џон Битов-единствен акционер во Обеликс Инк,  Хери Кремер, Професор по стратегии на Школата за менаџмент Келог од САД и автор на бестселери за лидерство засновано на вредности; Џејмс Логан Џонс, поранешен советник за безбедност на Претседателот на САД, Гуру Банавар, Извршен директор за технологии на IBM, претставници на Одборот на директори на Македонија 2025 и светски реномирани економисти и менаџери.

Во изминатиот период, Македонија 2025 успешно организираше два самити во Охрид, како и два бизнис форуми во Торонто и Париз.

Овие настани резултираа со повеќе од 30 работни сесии на кои учествуваа 100 говорници од Македонија и од 40 други земји низ светот, кои ги проследија повеќе од 900 гости. Од оваа интеракција произлегоа 200 билатерални средби помеѓу компаниите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top