Жена-бомбаш се разнела во париското предградие Сант Дени за време на полициската акција која од утрово се спроведува во француската престолнина. Според најновите информации од француските медиуми, убиени се тројца снајперисти, а ранети се тројца полицајци.
Според досегашните информации, полицијата успеала да уапси три лица чиј идентитет сѐ уште не е познат.
На самото место има многу полиција и возила на Брза помош.
На жителите од тој дел на градот им е препорачано да останат во домовите и да се засолнат од прозорците. Дел од нив се евакуирани.
Полицијата се сомнева дека групата се состои од двајца или од тројца терористи кои се забарикадарани во еден стан.
Се претпоставува дека меѓу терористите е мозокот на нападите од Париз, Абделхамид Абауд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.