По терористичкиот напад во петокот во кој загинаа над 130 лица, Франција се уште е во вонредна состојба. Силно вооружени полициски сили утрово започнале рација во едно од предградијата на северот на Париз, во која според француските медиуми има мртви и повредени.
Најмалку едно лице е убиено, а повредени се неколку полицајци во престрелката на безбедносните сили со група терористи. Акцијата е спроведена со цел апсење на Абделхамид Абауд, осомничен како главен организатор на терористичкиот напад во Париз.
Според британски Дејли Меил, полицијата е во пресметка со уште најмалку тројца терористи, меѓу кои и 27 годишниот Абауд за кој се веруваше дека е во Сирија. Меѓу терористите се претпоставува дека е и 26 годишниот Салах Абдеслам, еден од главните осомничени кој на денот на терористичките напади бил забележан како се обидува да влезе во Белгија.
Полицијата започнала со акцијата околу 4.30 часот утрото, а местото каде што се случува престрелката е во близина на стадионот Стат д Франс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.