| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и Оланд заедно против Исламска држава

hollande-putin-obama-cameron-Во телефонскиот разговор претседателите на Русија и на Франција – Владимир Путин и Франсоа Оланд се согласија да ја зајакнат соработката во воените акции против Исламска држава, се наведува во соопштението на Кремљ и на Елисејската палата.

Путин и Оланд ја одобриле идејата за поблиска соработка на нивните разузнавачки служби против терористичките групи во Сирија.

Кремљ соопшти и дека Путин и Оланд ќе имаат средба во Москва на 26 ноември, на која ќе се координираат акциите на двете земји во борбата против тероризмот.

Оланд пред средбата со Путин, на 24 ноември ќе се сретне со претседателот на САД, Барак Обама во Вашингтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top