| четврток, 6 декември 2018 |

Братот си го повика терористот од Париз да се предаде

terorist francijaМохамед Абдеслам, брат на преживеаниот терорист од нападите во Париз Салах Абдеслам, преку медиумите го повика да се предаде на полицијата.

Мохамед изјави дека семејството се грижи дали Салах јадел, каде спие, каде се наоѓа. На прашањето дали неговиот брат е поврзан со некаква мрежа од луѓе, Мохамед вели дека вакво бегство пред властите од петок наваму бара големи трошоци.

Прашан дали Салах е верник, Мохамед прецизира дека брат му се молел редовно, цврсто ја почитувал муслиманската традиција и – за разлика од него самиот – посетувал џамија. Мохамед се оквалификува себеси како муслиман кој е должник кон почитувањето на муслиманските традиции. Тој додаде дека Салах се облекувал нормално, не пиел, но со ништо суштински не покажувал дека се радикализира.

Мохамед инсистира дека неговиот брат досега не бил испрашуван и потсети дека и за него би требало да се однесува презумпцијата на невиност.

Мохамед беше уапсен во саботата, но по два дена во притвор беше ослободен, без против него да бидат покренати обвиненија. Тој самиот има казна за кражба на лични документи пред 11 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top