
Премиерот Никола Груевски ја посети фармата со 80 крави на сопственикот Мирослав Атанасовски во село Бардовци. Атанасовски со помош на средства од ИПАРД-програмата купил трактори и опрема за одгледување на добитокот.
-Од 2007 редовно ги користиме субвенциите за млеко, за грло и можам да кажам дека имаме убав живот, рече Атанасовски, кому во план му е да набави нова сорта крави молзници од Германија.
Премиерот истакна дека е големо задоволство да се види како со напорите кои ги вложува Владата се овозможува што повеќе корист за земјоделците и што тие се задоволни од тоа, како и од предлозите кои ги добиваат од граѓаните.

Атанасовски предложи да се усоврши стариот канал за наводнување, кој е 10 км долг и може да го користат и околните населени места Злокуќани и Ново Село.
-Во фаза е формирање на ново претпријатие кое ќе биде надлежно за наводнување и одржување, а кое годишно ќе има просечно по 20 милиони евра буџет, соопшти Груевски.
Премиерот истакна и дека секоја година ќе има листа на приоритети во кои ќе се инвестира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


