| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски најави нов проект: Бесплатни проекти за изградба на куќа

-Во изминатиот период вршевме подготовка за овој проект и веќе Министерството за транспорт е во самиот финиш на завршување на проектот. Очекувам некаде во текот на оваа или наредната недела Министерството за транспорт да излезе со готови проекти. Тие речиси завршија шест типски проекти за куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и од 180  квадрати, а тоа се готови, завршени проекти за градба на куќа- истакна премиерот Никола Груевски за време на денешната посета на село Бардовци и населба Злокуќани.

Кога овие проекти би ги правеле самите граѓани, додаде премиерот, би ги чинеле околу 1000-2000 евра.

– Реализација на овој проект кој го имаме ветено, почнува во наредните 5-10 дена и на секој граѓанин што не сака да плаќа проект за градба на куќа, а сака да земе таков проект кој што е типски направен, ќе му заштедиме меѓу 1.000-2.000 евра – подвлече Груевски.

Тој истакна дека овој проект и наскоро официјално ќе биде објавен и граѓаните ќе можат во Министерството за транспорт и врски да го подигнат. Предвидено е граѓаните да можат проектот да го подигнат и преку интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top