| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на Белгија ќе распореди уште 300 војници на улиците во белгиските градови

бел

Белгиската Влада денеска реши да распореди дополнителни 300 војници на улиците на градовите во Кралството Белгија, а по одлуката да се зголеми степенот на безбедност во земјата на трето ниво од вкупно четири, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Денеска ќе бидат распоредени дополнителни 300 војници, покрај 220 војници што веќе одамна патролираат на улиците во белгиските градови. Во деновите што следуваат, белгиската полиција и Кризниот центар постојано ќе вршат процена на состојбата и за потребните капацитети. Министерството за внатрешни работи ќе одлучи за тоа каде ќе бидат распоредени војниците за да им помогнат на полицајците – се вели во соопштението на Владата на Кралството Белгија.

Присуството на припадници на белгиската армија на улиците во градовите во оваа земја, всушност не е престанато уште по нивното распоредување по настаните во градот Вервие на почетокот на оваа година, кога во антитерористичка операција, полициските специјални единици убија двајца, а уапсија неколкумина терористи што планирале напади врз полициски станици и врз полицајци. Токму пред институциите на Европската унија и на НАТО во Брисел, како и пред амбасадите на САД, Израел и на земји-членки на ЕУ, белгиски војници под целосно вооружување патролираат непрестано веќе десет месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top