| четврток, 6 декември 2018 |

Студен туш за Македонија, Либан славеше на „Филип Втори“

По само неколку дена од големата победа од 4-1 над Црна Гора, македонската фудбалска репрезентација се врати во реалноста и загуби во вториот пријателски натпревар под диригентската палка на новиот селектор Игор Ангеловски од Либан со 0-1.

makedonija-lebanon-10

Грешката на голманот Столе Димитриевски по само неколку минути од второто полувреме скапо ја чинеше нашата репрезентација бидејќи репрезентативецот на Либан, Јоан Омари ја искоришти шансата и го постигна победничкиот гол.
Секако дека Димитриовски не треба да биде главниот виновник за поразот, бидејќи Македонија не беше истата онаа репрезентација која прикажа одличен фудбал пред пет дена. Играта на средината на теренот, неповрзаните акции од одбраната до нападот и лошата реализација беше главна причина за поразот.

makedonija-lebanon-13

Иницијативата во текот на целиот натпревар беше јалова без поконкретни шанси за гол иако избраниците на Ангеловски покаа желба за победа, што не се случи и заслужено добија и по некој свиреж од малубројната публика која дојде во пладневниот термин на арената „Филип Втори“ да ги подржи нашите репрезентативци.

makedonija-lebanon-1

Сега следнува четиримесечна пауза од репрезентативен фудбал, па стручниот штаб секако ќе се обиде да ги комплетира редовите за мартовските термини за пријателски средби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top