| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил удрил во 11-годишно девојче

Вчера околу 13 часот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово се случи сообраќајна несреќа во која учествувало патничко возило „голф“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 19-годишниот гостиварец А.Х. и 11-годишно девојче ( пешак ) од Тетово.

Од ударот девојчето се здобило со телесни повреди.

А.Х. лично ја пренел во тетовската клиничка болница каде ѝ била укажана помош по што е пуштено на домашно лекување.

Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top