Владимир Путин не чекаше долго да почне со својата одмазда. Веднаш откако доби службена потврда дека рускиот авион е соборен со бомба, претседателот издаде наредба да се почне со бомбардирање на таканаречениот главен град на Исламската држава, Рака. Информацијата доаѓа од еден член на француската влада, кој не го криел одушевувањето дека Путин, конечно, сфатил кој е непријател број еден во Сирија.
– Во моментов во тек е силно руско бомабардирање на Рака – рекол извор што не сака да биде именуван.
Нападот дојде по најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Москва ќе ги интензивира воздушните напади во Сирија, откако руските сили на сигурноста утврдиле дека рускиот патнички авион е урнат со подметната бомба. Одговорноста за тој чин ја презеде ИД.
Француското воздухопловство, исто така, го бомбардираше упориштето на ИД во Рака, на северот на Сирија во ноќта меѓу понеделник и вторник, уништувајќи го командниот центар и центар за обука, објави француското Министерство за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



