| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен убиецот на водачот на „Гробари“!

aleksandar joksic

Убиецот на водичот на навивачката подгрупа на „Гробари“, „Јанг бојс“, вчера е упасен во Белград. Константин Д. кој се сомничи за убиството на Александар Јоксиќ.
На убиецот му е одреден притвор од 48 часа. Според неофицијалните информации Јоксиќ не е убиен во навивачка пресметка со други спротивставени табори, туку поради нерасчистени црни бизниси со наркотици.
Јоксиќ тој кобен ден околу 20 часот требал да се сретне со некоја личност излегувајќи од обложувалница. Како што се претпоставува токму таа личност е убиецот бидејќи дошло до расправија. Водачот на навивачите се обидел да се спаси и почнал да бега. Сепак бил достигнат и убиен со два истрели во градите и главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top