Во Македонскиот народен театар од 15 декември почнува сееријата на големи концерти на „5+ бенд“ в.
Музичката група „5+ бенд“ ја сочинуваат омилените ликови од најгледаната детска телевизиска серија „5+ Фамилија“, којашто се емитува на телевизија „Телма“. Песните кои се наоѓаат на репертоарот на „5+ бенд“ се внимателно одбрани, со цел да се оддаде почит на дел од најважните македонски поп-рок евергрини, на некои регионални хитови, како и на интернационални песни кои оставиле белег на многу генерации. Мисијата на „5+ бенд“ е истите да ги „рециклира”, за и новите генерации да уживаат во среќните ноти на некои од најпрекрасните песни.
Се пее рок, поп, народно… во основа се пее сѐ што е убаво и ги радува ушите. Малку познат факт е дека покрај свирачи и пејачи, членовите на „5+ бенд“ се и танчери и акробати и сонувачи и актери и што ли уште не!
Ова е прво шоу во живо на „5+ бенд“, група чии песни на Јутјуб се прегледани неколку милиони пати и претставува прва можност на сцена да се видат Петко, Лина, Цветко, Комшо, Марија, Ана, Дедо Менде и Тетка Душка.
На Телма во тек е втората сезона од играната серија чиј главен лик е Петко, најпопуларниот детски ТВ карактер кој речиси 10 години ги забавува децата и ги учи на вистинските вредности.
Влезниците за концертите можат да се набават на билетарата на Македонскиот народен театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.