Сите жени се силни на свој начин, но овде станува збор за алфа-жени, кои се многу самостојни, решителни и храбри. Жени што се успешни на сите полиња во животот, и што е најважно, самите се заслужни за своите успеси. Ова се 12 работи со кои се соочуваат ќерките на овие жени.
1. Вие сте личност што ги кажува работите што никој не сака да ги слушне
Пораснати сте од силна жена, која секогаш ја кажува вистината в лице и поради тоа мислите дека луѓето секогаш сакаат да ја чујат и да се соочат со неа. Но, не е така. Голем дел од нив не можат. И тоа е карактеристика што ќе ве следи целиот живот.
2. Вие сте емпатични, но не премногу
Додека мајка ви е добар слушач и емпатична личност кон другите луѓе, вие за време на вашето растење се навикнавте, секогаш кога ќе ја „зезневте“ работата да добивате остри критики, место соживување со вашите чувства. И во повеќето случаи мајка ви била во право. И токму затоа и вие станавте личност која знае да се соживува со луѓето, но подоцна суптилно да упати критика.
3. Повеќе сте загрижени кога запознавате некое ваше момче со мајка ви отколку со татко ви
Секако дека ви е грижа што мисли и вашиот татко, но тој секогаш ќе ви ги каже работите во поблага форма, за разлика од вашата мајка. И да не му се допаѓа некој, тој нема да го изрази тоа толку очигледно како неа. Таа најверојатно ќе ги покаже отворено своите сомнежи и скептицизам, директно ќе му постави некои прашања и ќе му се спротивстави доколку смета дека тоа е правилно. И веројатно најлошиот дел – кога на нејзиното лице јасно ќе се исцрта „не можам да го поднесам момчево!“ и знаете дека во истата секунда кога тој ќе си замине, вас црно ви се пишува. Токму поради ова денес вие не знаете да ги прикриете чувствата.
4. Учите дека простувањето не е секогаш оправдано
Вашата мајка е тврдоглава и простувањето, освен кон своите деца, не е нешто што лесно го применува. Ваквиот пристап понекогаш може да донесе контраефект, вие да станете премногу попустлива личност, која нема да знае јасно да си ги постави своите граници на толеранција. Послушајте ја кога ве советува дека луѓето не се секогаш искрени, добри и вредни за простување.
5. Сте станале девојка што ги заплашува момците
Кога сте израсната од силна алфа-жена, нормално е и вие да станете таква во многу погледи. Ќе постанете девојка што ги заплашува момчињата и жена од која мажите се плашат. Многупати ќе чуете дека момците немаат храброст да ве повикаат на состанок затоа што сте премногу паметна или гласна, а тоа ги заплашува. Понекогаш ќе добиете желба да сте девојка која би ја посакувале сите момци, но кога ќе сфатите колкава жртва тоа бара од вас едноставно си велите „батали“!
6. Ги водите битките на луѓето што не можат да се борат за себе
Тоа е повторно поради вашата мајка која секогаш стоела зад вас без разлика дали тоа било за маалски расправии, морничави наставници или одвратни момци. Таа никогаш не ескивирала од никого и затоа ве научила и вас да се борите ако тоа е потребно. Затоа денес, вие сте тие кои спасуваат жени, вербално нападнати од своите мажи во јавност и им помагате на многу луѓе во неволја.
7. Луѓето ги бараат вашите совети
И покрај тоа што вашата мајка е премногу искрена, луѓето сепак ги бараат нејзините совети и го ценат нејзиното мислење. Денес вие сте тие чие мислење е ценето и барано. Луѓето доаѓаат и ви ја отвораат душата за најразлични проблеми, а вие најискрено се трудите да им помогнете.
8. Ве привлекуваат мажи со кои лесно можете да се разберете
Алфа-мајките вообичаено се динамитни со брз темперамент, а на таков карактер му одговара дружељубив и забавен партнер. Доколку и вие сте прераснале во ваква силна жена и вам ви одговара таков тип. Ретко ќе бидете привлечени од екстроверт како вас.
9. Луѓето сметаат дека вие може да се соочите со сè!
Ако сте израснати од жена која работи и ги довела на прав пат своите деца, жена за која другите сметале дека е неуништлива, веројатно и вие сте таква личност денес. Вам, што и да ви се случува, луѓето од страна ве доживуваат како среќна и позитивна личност. Но, зад завесите, вашите најблиски знаат дека тоа не е секогаш така и дека и вие имате сопствени проблеми. Луѓето понекогаш многу очекуваат од вас.
10. Сте научиле да бидете стрпливи, барем однатре
Иако вашата мајка знае да биде премногу тешка пружајќи ви ја нејзината „помош“, тоа ве научило да изброите до десет и да не правите никакви гримаси на лицето доколку нешто не ви е по мерак. Во спротивно, таа ќе разбесни и ќе биде лошо за вас.
11. Вие ја барате страста во животот
Силната мајка секогаш ги охрабрува своите деца да се борат за она што го сакаат, па дури и кога смета дека се лудаци. Таа ве научила да бидете единствени и уникатни. Токму затоа денес ги следите соништата, не ескивирате и знаете да ги стегнете забите сè додека не успеете.
12. Вие зборувате во името на другите жени и ги цените
Вие секогаш го кажувате она што го мислите и особено ви се јавува револт кој го искажувате кога ќе видите понижување кон некоја жена. Никогаш нема да бидете во сенката на послаба жена и ќе ѝ бидете благодарни на вашата мајка што ве израснала во силна жена како неа. Вие секогаш ќе си го имате своето место на бината и никогаш нема да бидете некој што само се шмугнува на сцената
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и