| четврток, 6 декември 2018 |

Франција денеска официјално ќе побара помош од другите земји од ЕУ

franciq-dnes-oficialno-shte-poiska-pomosht-ot-drugite-dyrjavi-ot-es-338765

Франција денеска официјално ќе побара помош од другите земји од ЕУ, по терористичките напади во Париз. Доцна синоќа во Брисел потврдиле дека барањето за помош ќе биде поднесено на денешната средба на министрите за одбрана на ЕУ.
Франција ќе го оправда своето барање со член 42, став 7 од Договорот за Европската унија, кој се наведува дека ако држава од Унијата е жртва на вооружена агресија, извршена на нејзина територија, другите земји членки имаат обврска да ѝ помогнат и соработуваат со сите средства, со кои располагаат, во согласност со член 51 од Статутот на Обединетите нации.
Francois Hollande, John Kerry

Денес францускиот претседател Франсоа Оланд, во американската амбасада во Париз, ќе се сретне со државниот секретар на САД, Џон Кери, кој доцна синоќа пристигна во Франција. Во француската престолнина Кери изјави дека Исламска држава и сите што ја поддржуваат нејзината идеологија ќе бидат поразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top