| четврток, 6 декември 2018 |

Канскиот победник вечерва бесплатно во кино „Милениум“

Фестивалот на европски филм, „Синедејс“, кој е во тек во Скопје, им оддава почит на невините жртви од париското безумие. Организаторот реши филмот „Дипан“, победникот во Кан и освојувачот на „Златна палма“ на најпрестижниот филмски фестивал во светот, на големиот француски режисер Жак Одијар, вечерва во „Милениум“ ќе биде емитуван бесплатно, сооошти огранизаторот.

– „Синедејс“ објавува дека за сите филмофили вечерашната проекција ќе биде бесплатна. Воедно, сите оние што веќе купиле билет во претпродажба, „Синедејс“ ќе им ги врати парите, или пак ќе им ги замени билетите за друг филм во гала-програмата по нивна желба. Вечерва, во кино „Милениум“, да се простиме достоинствено од невините жртви и да му кажеме НЕ на лудилото!!! – вели организаторот на „Синедејс“.

Вечерва во „Милениум“ на проекцијата на филмот ќе присуствуваат и главните актери од филмот, Џесутасан Антонитасан и Калиесвари Сринивасан. Сторијата во овој филм е токму она што во мигов ѝ се случува на Европа: огромната историски незапаметена миграциска криза.

– Со полната сала во киното „Милениум“ и со отпоздравувањето на главните актери да им оддадеме почит и сочувство на невините жртви и на нивните најблиски од париското безумие, кое пред неколку дeна нè згрози сите нас, цивилизираниот свет – се вели во соопштението од „Синедејс“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top