| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лоренс: Мажите не ме викаат на состаноци

Младата глумица и оскаровка Џенифер Лоренс признала дека и е тешко да најде сродна душа со која ќе го помине остатокот од животот.

hitportal-oskari-hjenifer-lorens

Никој не ме вика на состанок. Осамена сум секоја саботна вечер. Мажите се лоши кон мене, изјави ѕвездата на филмот „Игрите на гладта“, која неодамна ја прекина речиси едногодишната љубовна врска со Крис Мартин.

Оваа 25-годишна актерка изјави дека е можно на погрешни места да ја бара љубовта и верува дека би и било полесно да започне романса со некој што не знае дека е позната.

Чувствувам дека е потребно да најдам маж, кој на пример последните пет години живеел во Багдад и воопшто не знае која сум, истакна Лоренс.

Филмот „Игрите на гладта: Сјајот на слободата 2. дел“ ќе почне да се прикажува во кино салите на 18 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top