| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуација на Харвард поради закана за бомба

Неколку згради на Универзитетот Харвард во САД се евакуирани поради дојава за бомба, објавено е на сајтот на институцијата.

0911harvard

Како што е наведено, забранет е влез на територијата на Универзитетот, а надлежните тимови ги пребаруваат зградите.

Се пребаруваат четири згради, три во рамки на Универзитетот и една во кампусот.

Се претпоставува дека пребарувањето на теренот ќе трае неколку часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top