| четврток, 6 декември 2018 |

МТСП: Семејството од Хиподром не било предмет на службите за социјална работа

Министерството за труд и социјална политика информира дека семејството од Хиподром од кое мајка изутрина го фрлила шестгодишниот син од четвртит кат на зградата во која живеат, а потоа и таа скокнала, не било предмет на стручните социјални служби. ­

trud-socijala-300x172

 

– Во врска со немилиот настан кој што се случи денеска во населбата Хиподром и којшто ја потресе јавноста, Министерство за труд и социјална политика по спроведената активност за проверка ја информира јавноста дека семејството не било предмет на стручните служби на Центарот за социјална работа­Скопје и подрачните единици на Центарот, се вели во соопштението од МТСП.

По настанот детето и мајката во животна опасност се хоспитализирани во Ургентниот центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top