Ајфеловата кула, симболот на Париз, која беше затворена за посетителите по атентатите во петокот, повторно е отворена за посети и таа ќе свети во боите на француското тробојно знаме, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Новата „роба“ на старата „железна дама“ ќе свети од вечерва до среда од 19 до 1 часот. Исто така на неа ќе биде поставенo мотото на француската престолнина напишано на латински јазик„ Fluctuat nec mergitur“ (Удиран од бранови но непотонува).
Ајфеловата кула е само уште еден од светски познатите споменици од целиот свет, кој свети во боите на Франција, како операта од Сиднеј, Ѕидот на плачот во Ерусaлим или статутата на Христос во Рио де Жанеиро.
Ајфеловата кула секојдневно прeчекува меѓу 15.000 и 20.000 лица, повторно е отворена за публиката од 16 часот денеска.
Нејзиното вообичанео осветлување беше прекинато во саботата во знак на жалост, пред да се запали повторно, но овој пат без треперење од пет минути секој час. Ова осветлување не е е реактивирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.