Интолеранцијата на глутен е виновник за лошото здравје на многу луѓе и еден од „поттикнувачите“ на синдромот на иритабилно црево. Кај големите проблеми со варењето луѓето често го елиминираат глутенот од исхраната, но што да се направи ако и отпосле проблемот на исчезнува? Тогаш треба да се запрашаме дали од исхраната сме ја елиминирале вистинската материја.
Поедноставно кажано, станува збор за ферментабилни шеќери кои не можат да се сварат во целост во дигестивниот систем и кои се причина за големи проблеми во системот за варење.
Ги нарекуваат и „новиот глутен“ бидејќи се повеќе се зборува за нивното влијание на здравјето поради што луѓето ги исфрлаат од исхраната. Бактериите во вашиот систем за варење ја поттикнува нивната ферментација поради која доаѓа до создавање на хидрогенот којшто се шири низ цревата и предизвикува подуеност, болки, запек или пролив.
Продуктите кои содржат ферментабилни шеќери главно се здрави, но дури и здравите продукти може да предизвикаат проблеми кај луѓето чиј организам не поднесува некои материи во нив.
Зеленчук: артичоки, аспарагус, праз, пченка, кељ, мешунки.
Овошје: манго, нектарини, праски, лубеница, круши, сливи.
Јаткасти плодови: индиски ореви, ф’стаци.
Житарки: пченичен леб, пченични тестенини, ‘рж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.