| четврток, 6 декември 2018 |

Чилеанец очи во очи со еден од терористите, овој одговор му го спасил животот

Оние кои се најдоа во центарот на случувањата за време на терористичките напади во Париз и успеаја истите да ги преживеат, денес раскажуваат што се случило. Неверојатно е искуството на еден Чилеанец кој присуствувал на концертот на „Eagles of Death Metal“.

Pariz, 13.11.2015 - U nizu teroristickih napada ubijeno najmanje 120 ljudi

Давид Фриц Готингер (23) се нашол на нишан кај еден од терористите, но успеал да се спаси бидејќи рекол дека не е Французин и дека верува во Бог.

-Беше страшно, како земјотрес, пукаа на сите страни, слушнав експлозии. Музиката застана. Отидов да разговарам со пријател и да го прашам што се случува и тогаш видов мртви луѓе, раскажува тој.

Кратко потоа му се доближил еден од терористите со намера да го убие, доколку не го слушне тоа што го сака.

-Ја впери пушката во мене и ме праша дали верувам во Бог и дали сум Французин. Ми реков дека сум Чилеанец и дека верувам во Бог, па ме пушти, раскажува Давид.

Во нападите во Париз животот го загубија 129 лица, додека повредени се 350 од кои 99 се во тешка состојба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top