Лидерите од Г-20 ја признаа заедничка одговорност за прашањето на борбата против тероризмот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при затворањето на самитот на Г-20 во Анталија, пренесе ТАСС.
– Ние изразивме жалење до народот на Франција за терористичките напади. Нашите средби ги почнавме со едноминутно молчење, посочи Ердоган.
Тероризмот нема религија, нација, земја. Ние со иста решителност ќе продолжиме да се бориме против сите терористички организации: Боко Харам, Исламска држава, Курдската работничка партија, подвлече турскиот претседател.
За сирискиот претседател Башар ал-Асад веќе нема место во иднината на неговата земја, посочи Ердоган.
-Во Виена пред извесно време се одржаа преговори за иднината на Сирија. Тоа што таму се договори и натаму продолжува да се формулира. Но, за човекот кој ја носи одговорноста за убиството на 300.000 лица – за Асад, веќе нема место во неговата земја. Тој одамна го загуби тоа право, истакна Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.