Филмски циклус на руски филмски класици насловен „По Ејзенштајн“ ќе се одржи од 17 до 23 ноември, во киносалата на Кинотека на Македонија, која го организира циклусот во соработка со Госфилмофонд од Русија.
Настанот ќе се отвори утре во 20 часот, со проекцијата на филмот „Мајка“ (Мать, р. Всеволод Пудовкин, 1926 г.), со музичка придружба во живо на Бојан Маротов.
В среда во 20 часот, пред проекцијата на филмот „Фрагмент на една империја“ (Обломок империи, р. Фридрих Ермлер 1929 г.) Петар Багров, специјалниот претставник на Госфилмофонд и гостин на Кинотеката ќе одржи филмско-историска презентација за филмот.
Во рамките на циклусот на руски филмски класици до 23 ноември ќе бидат прикажани и филмовите „Превирање“ (Александар Левшин, 1928 г.), „Љубов во тројка“ (Абрам Ром, 1927 г.), „Човекот со филмска камера“ (Ѕига Вертов, 1929 г.), „Празникот Свети Јурген“ (Јаков Протазанов, 1930 г.) и „Среќа“ (Александар Медветкин, 1934 г.).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.