| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен прометот во индустријата

промет

Прометот во индустријата во септември годинава е за 14,8 отсто поголем во споредба со истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи опаѓање од 0,6 отсто, а прометот остварен на странски пазари има пораст од 19,6 проценти.

Во секторот Рударство и вадење на камен има опаѓање од 6,8 отсто, а  секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 15,8 проценти.

Пораст од 29,4 отсто е забележан и кај Интермедијарни производи, освен енергија, Капитални производи за 13 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 61,6 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто.

Прометот во индустријата во септември годинава, пак во однос на август 2015 година е зголемен за 17,1 отсто, додека во периодот јануари-септември 2015 година, во однос на истиот период од 2014 година е поголем за 9,2 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top