| четврток, 6 декември 2018 |

ИД: На тие што ја напаѓаат Сирија, ќе им се случи судбината на Франција

„Исламска држава“ во нова видеоснимка предупреди дека земјите кои учествуваат во воздушната операција во Сирија ќе ја споделат судбината на Франција.

Терористичката група упати посебна закана за напад врз Вашингтон, пренесоа британските медиуми.

„Ние им кажуваме на земјите кои учествуваат во крстоносниот поход дека, како што удривме врз срцето на Франција – Париз, така ќе удриме и врз нив и се колнеме дека ќе удриме и врз Америка, во нејзиниот центар- Вашингтон“, изјавува непознат маж на снимката.

Засега не може да се потврди автентичноста на записот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top