| четврток, 6 декември 2018 |

Уништете го тој култ на смртта еднаш засекогаш: Британскиот премиер му даде поддршка на Путин во војната против исламистите

Дејвид Камерон му даде поддршка на рускиот претседател Владимир Путин во војната притив ИСИС и му предложи со воена сила да го разори еднаш засекогаш „култот на смртта“.

Рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Дејвид Камерон се сретнаа за време на самитот на Г-20 во Анталија и ја нагласија потребата од заедничка борба против тероризмот.

Камерон на рускиот претседател му дал поддршка за нападите на Исламска држава и му предложи со воена сила да го разори „култот на смртта“ еднаш засекогаш.

– Актуелните трагични настани во Франција покажаа дека мораме и дека одамна требаше да ги здружиме силите против ова зло – рече Путин при средбата со Камерон во текот на самитот на Г-20.

Vladimir-Putin-Dejvid-Kameron

Во таа прилика Камерон изрази сочувство поради несреќата на рускиот авион во Египед. Напоменувајќи дека состанокот се одржува по трагичните настани во Париз, тој ја повтори потребата за заедничка борба против терпоризмот, пренесува агенцијата ТАС.

Тој изрази уверување дека би било добро ако е возможно во текот на состанокот да се разговара за Сирија.

Путин му се заблагодари на Камерон на информациите што ги обезбедија Британците. Односите меѓу Русија и Британија не се најдобри, потребно е да се анализира соработката и да се изнесат конкретни планови за во иднина, рече тој. Путин оцени дека сепак постои некаков напредок во билатералните односи, вклучувајќи ги меѓувладините комисии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top