![]()
Бугарски државјанин загина во Париз, соопштија од семејството. Станува збор за Себастијан Проази.
Со барем 25 куршуми бил застрелан Бугаринот со двојно државјанство Себастијан Проази, кој загина во ѕверските напади во Париз.
Себастијан бил во ресторанот „Малата Камбоџа“ со пријателите, кога започнало крвопролевањето. На тоа место беа убиени 15 лица, повредени исто толку, а во локалот се пронајдени 800 чаури.
„Направени се сито и решето – во просек по 25 куршуми на човек“, објаснува пријателот на Себастијан. Тој раскажал дека 37-годишниот Проази сам побарал да земе бугарско државјанство. Тоа се случило пред 9 години.
-Тој ја знаеше бугарската историја исклучително точно и добро. Малку се Бугарите, кои ја знаат во такви детали сопствената историја“, објаснил неговиот близок другар.
Себастијан знаел и бугарски, но не многу добро. Мајка му е Бугарка. Работел неколкупати во Белгија, а пред две години работел за Еврокомисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Драма во центарот на Белград: За влакно избегнат хорор, пронајдени бомби во торба која се распаѓала


