| четврток, 6 декември 2018 |

Поскапува бензинот

benzinska2
Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува непроменета. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати по кои бензинските пумпи низ Македонија ќе го точат горивото од полноќ.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 од полноќ ќе биде 62,5 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС 98 64,5 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе се точи по стара цена од 49,5 денари за литар.

Половина денар поскапо станува и екстра лесното масло за домаќинство и неговата цена ќе биде 38,5 денари за литар.
Мазутот поевтинува за 0,526 денари и новата цена изнесува 20,787 денари за килограм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top