| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно дојава за бомба во Москва, евакуирани се околу петстотини луѓе

бомба

Околу 500 луѓе денеска беа евакуирани од железничка станица во Москва поради дојава за бомба, објавија руски медиуми.

– По повик до полицијата за поставена бомба беа евакуирани околу 500 луѓе од станицата Курскаја – изјави за руски медиуми извор од полицијата. Курскаја е една од деветте железнички станици во главниот град на Русија.

Тоа е втора информација за бомба во Москва по терористичките напади што се случија во петокот во Париз. Во саботата имаше дојава за бомба во московскиот хотел „Космос“, но дојавата беше лажна. Во серијата напади во Париз загинаа 129 луѓе и повеќе од 350 се ранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top