Контроверзната манекенка уште еднаш на необичен начин го привлече вниманието на присутните. Кејт Мос и Шерон Стоун беа домаќинки на хуманитарен настан во Бразил. Целта на манифестацијата во Сао Паоло беше собирање донации за истражување за сидата, а Кејт и Шерон „сочно“ се бакнаа за акуциска цел.
Иако сите останати биле затекнати кога манекенката ја бакнала ѕвездата на филмот „Основен инстикт“, бакнежот на аукциското наддавање достигнал цена од дури 35.000 фунти, а купецот добил шише ексклузивно шампањско со потпис на главните јунакињи на овој настан.
Кејт на манифестацијата дошла без сопругот Џејми Хинс, а Шерон била во придружба на своето 27-годишно момче Мартин Мика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.