Поранешниот шампион ЛА Лејкерс ноќеска се спасија од нов неславен рекорд во историјата на клубот. Коби Брајант и другарите ја забележаа само втората победа од десет средби во новата сезона и го избегнаа неславниот рекорд од минатата година кога за исто толку натпревари остварија само еден триумф победувајќи го Детроиот со 97-85. Коби Брајант одигра дури 37 минути од синоќешниот меч и иако не беше расположен за шутирање (6/19 од поле), ѕвездата на Лејкерси сепак успеа да ги разигра соиграчите, завршувајќи го натпреварот со 17 поени и девет асистенции и осум скока. Мора да се нагласи дека победата, домашниот тим ја обезбеди во последната четвртина што ја доби до 31-19.
Оклахома сити се мачи без помошта на Кевин дурант, па тимот на тандер синоќа загуби на домашен терен од Бостон со убедливи 85-100. Расел Вестбрук постигна 27 поени, но погоди само пет од 20-те шутеви од поле на Оклахома, а двоцифрен ефект имаше само уште Ибака, недоволно за да се слави против составот на Бостон кој одигра одлична одбрана.
НБА Резултати:
Њујорк – Њу Орлеанс 95-87, Минесота – Мемфис 106-114, Шарлот – Портланд 106-94, Атланта – Јута 96-97, Оклахома сити – Бостон 85-100, ЛА лејкерс – Детроит 97-85, Сакраменто – Торонто 107-101.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.