| четврток, 6 декември 2018 |

Минале низ пекол: Сведоштво на Срби повредени во Париз

Paris attacks
Во терористичките напади во петокот во Париз повредени се 30 српски државјани, а некои од нив и понатаму се во тешка состојба, пишува весникот „Вечерње новости“.
Со најтешки повреди се здобила брачната двојка Павловиќ. По Љиљана се трагало речиси два дена додека не била пронајдена во една од болниците. Неа ја повредиле шрафови што се наоѓале во експлозивот кој го активирал еден од терористите, а Ацо е надвор од животна опасност, иако и понатаму е во тешка состојба.

Белградскиот весник во печатеното издание наведува дека Павловиќ се повредени пред стадионот „Франција“ каде што продавале шалови.

– Се свртев да запалам цигара кога почна нешто силно да пука, сите исполегнавме на земја. Вистински хаос… Мајко моја… што прават овие лудаци – рекол Ацо Павловиќ.

Уште еден српски државјанин, Раде Васиќ, исто така е во болница, а неговата сопруга раскажала што се случувало во петокот:

– Кога почна натпреварот влеговме во „Мекдоналдс“ да вечераме. Тогаш влезе некој со пиштол, па нѐ исфрлија надвор. Се вративме на паркингот, каде што бевме пред тоа, не поминаа пет минути кога нешто почна да пука, навела Сузана Васиќ.

Според сознанијата на „Вечерње новости“, една државјанка на Србија се наоѓала во кафулето во улицата „Шарон“, кое исто така беше цел на терористите, но за среќа поминала без повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top