Петок навечер во Париз и концерт на групата „Иглс оф дед метал“, се собра група на фанови кои дошле да го слушаат омилениот бенд.
Забавата ја прекинаа рафали кои усмртија 80 луѓе, а меѓу преживеаните е и Изабел Боудери,која покрај објавената фотографија на крвавата маица напишала како била сведок на хоророт.
Ова е нејзината исповед која ја лајкуваа повеќе од 1,5 милион луѓе.
– Никогаш не помислувате дека тоа ќе ви се случи вам. Беше петок навечер и рок концерт. Се беше весело, сите пееја и се смееја. Одеднаш влета маж на главниот влез и почна да пука, а ние наивно мислевме дека сето тоа е дел од програмата. Подоцна сфативме, тоа не беше само терористички напад, тоа беше масакр. Десетици луѓе беа убиени пред мене. Локви крв го исполнија подот. Криците на мажите кои ги прегрнуваа мртвите девојки ја надгласаа музиката. Во моментот се уништени иднините како и срцата на семејствата. Потполно шокирана и сама се преправав дека сум мртва повеќе од час, лежејќи меѓу луѓе кои ги гледаа своите сакани како неподвижно лежат.
Настаните како што е овој ја покажуваат човечката изопаченост, а сликите на тие луѓе ќе ме прогонуваат до крајот на животот. Секој момент очекував некој да каже дека тоа е ноќен кошмар. Меѓутоа тоа што сум меѓу преживеаните ми дава шанса да фрлам светло на вистинските херои. За човекот кој ми велеше дека се ќе биде во ред и го ризикуваше својот живот додека ме прегрнуваше, за парот чии последни зборови ме уверија дека има добрина во светот, за полицијата која сепак успеа да спаси стотина луѓе, за странецот кој ме виде на улица и ме тешеше 45 минути, жената која ја отвори вратата на својот дом за повредените и преживеаните, пријателот кој ми понуди преноќиште и кој ми даде нова маица за да не мора да останам во оваа измачкана со крв- сите тие ме уверија дека овој свет има шанси да биде подобар.
Додека лежев во крвта на странци и чекав куршум да ги прекине моите 22 години живот, се сетив на лицата на сите луѓе кои ги сакам и им шепотев„Те сакам“ повторно и повторно. Се присеќав на најважните настани во мојот живот. Сакав да знаат колку сум ги сакала, посакав, без оглед на тоа што ќе ми се случи, да веруваат во доброто во луѓето.
Синоќа животите на многумина засекогаш се променија, а на нас ни останува да бидеме подобри луѓе, да живееме живот за кој невините жртви сонуваа, а кои за жал никогаш нема да се исполнат. Почивајте во мир ангели, никогаш нема да бидете заборавени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Масакр во Валона, момче уби осум роднини со калашников