Маж од Египет со пет деца открил за време на рутинска контрола дека е стерилен – односно дека поради неговата медицинска состојба не може да има деца!? Со други зборови, се покажа дека неговата сопруга го изневерувала за време на нивниот десетгодишен брак и дека имала интимни односи со друг маж или мажи, кои очигледно се биолошки татковци на децата на оваа двојка.
Мажот од Египет кажал пред судот во главниот град на таа земја, Каиро, дека сака развод и разочаран и осуетен кажал дека неговата сопруга треба да биде каменувана поради повеќекратни прељуби.
Како што пренесуваат тамошните медиуми мажот кажал дека сосема случајно за време на рутински прегледи открил дека е стерилен и дека петте деца со кои живее и ги школува не се негови.
-Ќе полудам. Многу сум лут. Таа ме изневеруваше сите овие години. Таа е измамничка и сите овие деца не се мои. Ми го уништи угледот како маж и човек – кажал мажот чиј идентитет не се наведува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.