Шпанскиот гигант Реал Мадрид подготовен е да понуди 35 милиони евра за феноменалниот украински репрезентатвец Евгени Конопљанка, пренесуваат медиумите на Пиринеите.
Тој го сврте вниманието кон себе од страна на „кралевите“ откако офанзивниот фудбалер во дербито на неговиот клуб против Реал Мадрид беше асистент на два гола во победата од 3-2 и на неколку пати буквално ги „збудале“ дефанзивците на противникот.
На Реал Мадрид му требаат играчи кои можат да создадат предност во однос на противникот. Претседателот Флорентино Перез изборот го насочил токму кон Конопљанка бидејќи Украинецот освен против Реал тој е надмоќен и против другите тимови во Примера дивизија. Сумата од 35 милиони евра што се споменува ќе биде понудена во текот на летниот преоден рок, со оглед на ставот на Севилја дека Конопљанка нема да биде продаден во јануарскиот преоден рок.
Овој трансфер би претставувал нова огромна финансиска придобивка за Севилја, со оглед на фактот дека Украинецот му пристапи на шпанскиот прволигаш без никаква отштета, како слободен играч по истекот на неговиот договор со Днипро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)