| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден црн автомобил „Сеат“ кој го користеле напаѓачите во Париз

па

Во париското предградие Монтреј е пронајден црн автомобил марка „Сеат“, кој го користеле напаѓачите кои во петокот пукаа врз луѓе во клуб и ресторан, соопшти денеска француската полиција.

Шест лица блиски на Омар Исмаил Мостефаи, кои учествувале во убиствата во концертната сала Батаклан се наоѓаат во притвор, меѓу кои и неговиот татко, брат и снаа.

Автомобилот е пронајден во Монтреј, на шест километри од француската престолнина, и се претпоставува дека “сеатот“ е поврзан со нападите на клубот „Л Карилон“ и ресторанот „Л Камбоџа“.

Парискиот јавен обвинител, Франсоа Молинс вчера изјави дека вооружени напаѓачи извадиле автоматско оружје од таков модел на автомобил, пред да отворат оган и убијат 15 лица, а повредат уште десет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top