| четврток, 6 декември 2018 |

Криси Тајген објави трудничка фотографија со новите облини(фото)

криси

Познатата манекенка и сопруга на познатиот пејач Џон Леџенд, Криси Тајген своите фанови редовно ги известува за тоа што јаде, како се чувствува во бременоста и како се снаоѓа со трудничката гардероба. Криси на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која во препознатлив стил, додала духовит коментар.

На фотографијата манекенката лежи на две столици вои својот дом, облечена само во боди со долги ракави во бежова боја.

На оваа фотографија за првпат може да се види изразениот труднички стомак на убавата манекенка, а со оглед на тоа што изгледа неверојатно добро, Криси решила да се фокусира на своите колкови кои малку и се пополнети.

– Здраво, нови бутини! Ова се појави од никаде, но нема да се жалам – напишала 29-годишната манекенка.

Додека Криси се бори со новите облини, нејзините обожавателки ширум светот желно го исчекуваат нејзинотот појавување во јавноста за да видат што следно ќе облече.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top